сабота, 6 јуни 2026

Повеќе од 14.500 ученици денеска ќе ги полагаат испитите од државна матура

Денеска во 9 часот, учениците кои пријавиле полагање државна матура ќе го полагаат првиот екстерен предмет. Пријавените кандидати ќе ги полагаат тестовите по англиски, германски, француски, италијански и руски јазик, како и по математика. Учениците кои пријавиле државна стручна матура, ќе полагаат англиски јазик и математика, а матурантите кои пријавиле уметничка матура ќе полагаат англиски јазик или историја.

Објавено на

часот

Сподели

Испитите по мајчин јазик ќе се реализираат на 11 и на 12 јуни. Учениците кои пријавиле државната матура ќе полагаат на 11 јуни, а матурантите кои пријавиле државна стручна или државната уметничка матура, мајчин јазик ќе полагаат на 12 јуни.

Испити на крајот на средното образование, односно екстерни испити годинава ќе полагаат 14.587 ученици. За државна матура се пријавиле 12.184 матуранти, стручна ќе полагаат 2.276 ученици, а уметничка матура ќе полагаат 127 ученици.

Годинава полагањето државна матура, државна стручна матура и државната уметничка матура ќе се одвива според новата концепција со изменети испитни програми за учениците од стручно и уметничко образование, а за гимназиското остануваат истите испитни програми. Тестовите по предметите немало да се исти за сите ученици како досега, туку оваа година за прв пат ќе се полага согласно наставните програми за гимназиско, стручно и уметничко образование.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ