Претседателот на словенчкиот парламент речд дека Словенија го поддржува членството на земјава во ЕУ, при тоа осврнувајќи се на на компромисното решение на неговата држава за непопречување и неблокирање на евроинтеграивниот пат на Хрватска, односно на решавање на билатералните прашања како паралелен процес на пристапувањето кон Европската унија.
На средбата која се одржа на маргините на Самитот на претседатели на парламенти „Европски парламент – Западен Балкан”, Џафери искажал благодарност за континуираната поддршка што земјава ја добива од Словенија во евроинтегративниот процес. Притоа подвлече дека Европската унија не е комплетна без целосно интегрирање на сите држави од Западен Балкан.
Џафери ја истакнал одличната соработка со претставникот на Словенија во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, како и соработката во насока на справување со бегалската криза и ковид – пандемијата.
Република Словенија го презема претседателството со Советот на Европа во втората половина на 2021 година.






