четврток, 7 мај 2026

ЗНМ бара Обвинителството да ја отфрли кривичната пријава за Момировски и Милосављевиќ

Објавено на

часот

Сподели

„Укажуваме дека кривичен прогон кон новинари за дела за кои се предвидуваат повеќе години затвор, посебно од страна на безбедносни структури може дополнително да ја загрозат и така кревката слобода на изразување во нашата земја. Вакви постапки може да се толкуваат како притисок кон јавна критика, посебно земајќи предвид дека оваа емисија е објавена во јануари 2021 година, а засегнатите се повикани на давање на исказ во ОЈО кон крајот на ноември или речиси девет месеци подоцна.

Цениме дека новинарите имаат и право и обврска да се занимаваат и со теми кои се поврзани со националната безбедност, почитувајќи ги во целост етичките и професионалните стандарди во работењето и следејќи го јавниот интерес.

Доколку Агенцијата за разузнавање или која било друга институција е незадоволна од начинот на кој новинарите или медиумите известуваат за нивната работа ги охрабруваме да ги користат само/регулативните механизми“, пишува во соопштението од ЗНМ.

Притоа се додава дека поднесувањето претставки до Советот за етика или Советот на честа е најдобар начин да се утврди дали известувањето е во согласност со етичките принципи и стандарди на новинарската професија.

„Кривичните тужби кон новинари беа честа пракса во минатото и поради нив Македонија драстично падна на сите кредибилни индекси за слободата на изразување и беше перципирана како држава во која слободата на изразување и правото на информирање е ограничено“, додаваат од ЗНМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ