„Всушност, знаеме зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица ги блокираат измените во Законот за работните односи, тоа го прават за нашето општество да не добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд а од тоа бенефит да имаат сите. Ваквите измени на Законот, нормално, не им одговараа да се случат пред локалните избори. Од истите причини ги блокираат и законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стенат правна и економска сигурност“, рече Живковиќ.
Тој наведе дека од истите причини тие опозициски партии го блокираат и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија.
„Од истите причини пратениците од опозицијата најверојатно ќе се обидат да го блокираат и веќе најавеното зголемување на минималната плата на 18.000 денари планирано за јануари 2022 година“, нагласи Живковиќ кој додаде дека долго време тие го блокираа и субвенционирањето на платите од 14.500 денари со пакетите антикризни мерки, без да помислат, како што рече, како преживуваат работниците и работничките тие неколку месеци колку што им траеше блокадата!
Живковиќ потоа ѝ се обрати на опозицијата со зборовите дека нив воопшто не им е грижа за работниците и нивните права, туку само за гола власт.
„Локалните избори завршија, не успеавте да обезбедите кворум за гласање недоверба на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а нашето парламентарно мнозинство е во процес на зголемување! Затоа, престанете со евтините политички трикови, тргнете ги блокадите што континуирано ги поставувате – тоа деновиве ви го порачаа и синдикатите кои децидно побараа да се усвојат законите кои се во интерес на работниците и работничките“, рече на крајот Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
Почитувани работнички и работници,
Ве уверуваме дека зголеменото и стабилно парламентарно мнозинство повторно ќе ги порази блокадите и опструкциите на опозицијата, а Владата предводена од СДСМ, како и досега ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани и граѓанки, ќе обезбеди повисока минимална плата а недела ќе биде неработен ден!






