
„Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапува по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршија детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги“, ни одговорија од МВР.
Ангелов вели дека нема информација дали жената е побегната или успеала да се спаси од огнот.
„Немаме одговор дали жената е побегната и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор. Тоа е засега единствената потенцијална жртва. Ние изразуваме сочувство до сопругот и до семејството на жената доколку е почината. Но, некако одвнатре се надеваме дека е жива и дека успеала да побегне од огнената стихија“, рече Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали е жената пронајдена.
Директорот на ЦУК упати апел до граѓаните особено да бидат внималтени при ракување со алат којшто искри.






