четврток, 30 април 2026

Зборувате во сон? Што ви порачува вашиот организам

Зборувањето во сон во медицинските термини се нарекува сомнилоквија. Тоа е форма на парасомнија или нарушувања во однесувањето за време на спиењето, и е многу честа појава што не се смета за медицински проблем.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Луѓето зборуваат во сон максимум 30 секунди, се случува некои да зборуваат и неколку пати во текот на ноќта. Понекогаш тоа се јасни фрази и зборови, а понекогаш само мрморење.

„Според моето искуство, зборувањето во сон може да биде поврзано со преоптоварување на нервниот систем и е предизвикано од прекумерно гледање во екран пред спиење или внесување на големи количини кофеин во текот на денот“, рече д-р Нерина Рамлахан, терапевт и експерт за спиење.

Ако вообичаено не зборувате во сон и одеднаш почнете, причините би можеле да се:

  • емоционален стрес;
  • пореметување на температурата;
  • употреба на одредени лекови кои влијаат на мозокот.

Исто така, зборувањето во сон може да се појави кај луѓе кои се самокритични, како и кај оние кои си поставуваат високи цели.

Многу често, луѓето кои сакаат сè да држат под контрола не кажуваат гласно што мислат, тоа се случува кога потсвеста ја презема контролата над свеста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ