четврток, 30 април 2026

Мицкоски до Беџети: Никој нема ништо против албанскиот јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на седница за пратенички прашања изјави дека во државата нема противење за употребата на албанскиот јазик и дека сите граѓани се ценат подеднакво, без разлика на етничката припадност.

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на прашање од пратеникот Блерим Беџети, премиерот посочи дека Владата нема да дозволи, како што рече, „ситен популизам“ на етнички теми, нагласувајќи дека фокусот треба да биде на проекти и реформи.

Тој истакна дека употребата на албанскиот јазик не е спорна, наведувајќи пример со официјални настани на кои се обезбедува превод и на македонски и на албански јазик, во согласност со Уставот.

Во однос на Законот за јазици, Мицкоски се осврна и на мислењето на Венецијанска комисија, појаснувајќи дека таа дава препораки за усогласеност со меѓународното право, додека за уставноста одлучува Уставен суд.

Премиерот додаде дека Владата работи на корекција на, како што рече, недостатоците од претходниот период, посочувајќи дека се преземаат чекори за унапредување на правата и практичната примена на јазиците.

Тој оцени дека граѓаните очекуваат подобар животен стандард, вклучително и поквалитетно здравство, образование и економски услови, наместо политички дебати засновани на етнички прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ