четврток, 30 април 2026

Тошковски до Петровска за апсењето на директорот на ДЗИ: Уапсен е таму каде што ги примил парите

Во конкрентиот објект каде што е упсено лицето за примање на поткуп живеаат многу поранешни и сегашни функционери, а е упсено во тој објект бидејќи таму е фатен како ги прима парите, одговори министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прашањето на пратеничката Славјанка Петровска кое се однесуваше за апсењето на директорот на Државниот земјоделски инспекторат (ДЗИ), како и  дали со прекинување на акцијата за поткуп од 50 илјади евра го штитите министерот за земјоделие?

Објавено на

часот

Сподели

„Прашањето кое го поставивте од аспект на тоа кој каде живее и кој, каде престојувал, дали престојувал некој министер сегашен или поранешен согласно моите информации, кои што ги добив непосредно неколку секунди. Во рамки на тој објект живеат неколку многу поранешни и сегашни министри, да не специфицирам во јавност, не сакам да нарушам приватност, за разлика од вашето прашање, кое што го поставивте. Јас ќе бидам таинствен и ќе кажам дека во предметниот објект живеаат согласно информациите, кои што ги добив непосредно 30 секунди откако ми го поставивте прашањето многу сегашни и поранешни функционери. Е сега зошто лицето е апсено на локацијата, каде што е апсено е затоа што таму ги примило средствата. Кој друг живее во тој објект искрено не знам, можеби вие подобро би знаеле од мене, кој друг живее во предметниот објект“, рече Тошковски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Министерот за внатрешни работи посочи дека пратеничката Петровска креирала губи манипулации и како што рече „овие обиди се ниски за дефокус на јавноста, во насока на вие што цените треба да ја дефокусирате“.

Тој истакна дека законот го спроведуваат неселективно, а изминатиот период се апсени и поранешни и сегашни функционери. Посочувајќи дека актуелниот функционер кој е упсен на локацијата, а станува збор за директорот на Државниот земјоделски инспекторат е фатен со докази, како прима пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ