Случајот бил пријавен на 29 април 2026 година во 15:40 часот во СВР Скопје од страна на 41-годишниот татко на жртвата. Според пријавата, нападот се случил три дена претходно, на 26 април околу 23:00 часот, кога неговиот син бил физички нападнат од неколку малолетници, при што бил употребен и тврд предмет.
Дополнително, еден од учесниците го снимал целиот настан со мобилен телефон, а видеото подоцна било споделено на социјални мрежи.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на сите инволвирани лица.






