Според информациите од полицијата, на 29 април 2026 година околу 10:15 часот, на плоштадот му пришле две машки лица. Едниот од нив побарал пари, тврдејќи дека неговата сопруга се лекувала во болница и дека итно им биле потребни средства.
Како залог, измамникот му оставил предмет за кој рекол дека е дијамант, но подоцна оштетениот сфатил дека станува збор за измама.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 11:20 часот, а полицијата презема мерки за расчистување и пронаоѓање на сторителите.






