четврток, 30 април 2026

Израелската блокада на Крит пресретна бродови што носеа помош за Газа

Израелските сили синоќа пресретнаа десетици бродови додека активистите се обидуваа да ја пробијат поморската блокада во Средоземното Море и да достават хуманитарна помош во Појасот Газа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Хуманитарната флотила пловела во близина на јужниот грчки остров Крит кога била пресретната, израелските сили го привеле екипажот.

Глобалната флотила Сумуд исплови од Барселона порано овој месец. Организаторите изјавија дека на акцијата ќе учествуваат повеќе од 70 чамци и 1.000 луѓе од целиот свет.

Израелските власти спречија сличен обид на оваа активистичка група пред помалку од една година.

„Израелските акции се опасна и невидена ескалација, киднапирање цивили во средината на Средоземното Море, на повеќе од 600 милји од Газа, пред очите на целиот свет“, се вели во соопштението на групата.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека се приведени околу 175 активисти од повеќе од 20 бродови што учествуваат во флотилата.

Според веб-страницата за следење на бродови, 22 брода биле пресретнати во меѓународните води западно од Крит, а 36 чамци сè уште пловеле кон Газа утрово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ