Поголемиот дел од тие пари се потрошени за муниција, изјави вршителот на должноста потсекретар за финансии на одбраната Џулс Херст Трети пред Комитетот за оружените сили на Претставничкиот дом.
Според него, армијата трошела пари и за спроведување воени операции и замена на опрема.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера одговараше на прашања од членовите на Конгресот за прв пат откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја почна војната против Иран.
Таа одлука, донесена без одлука на Конгресот, ги доведе САД во скап конфликт кои самите го предизвикаа.
Сослушувањето пред Комитетот за оружените сили на Претставничкиот дом се одржува за предлогот на администрацијата на Трамп за воениот буџет за 2027 година до Конгресот – со кој бараат рекордни 1,5 трилиони долари.
Се очекува Хегсет и генералот на Здружениот штаб на вооружените сили Ден Кејн да ја истакнат потребата од повеќе беспилотни летала, противракетни системи и воени бродови.






