„Македонија падна за три места на Индексот за слобода на медиуми и сега официјално се наоѓа во групата со проблематична состојба. Ова е директен резултат од политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Преку Орбан, ВМРО контролира над 40 отсто од медиумскиот простор во Македонија. Останатите професионални медиуми ги притискаат со пари од буџетот на граѓаните. Медиумите во служба на Мицкоски, регистрирани на Петер Шац и неговите соработници – лажни сопственици на Орбановата мрежа, имаат кривична пријава за перење пари преку Словенија, која стои во фиока. Истите луѓе се уредници и денес, Ивона Талевска и нејзиниот партнер Драган Павловиќ Латас од времето на Груевски. Повампирени структури од деценискиот мрак на Груевски и Мијалков. Во Унгарија наскоро почнуваат истражни процеси и граѓаните ќе ги видат овие ‘слободни медиуми’ без маска, а заедно со нив и улогата на Мицкоски во сето ова со неговите ‘браќа’ Орбан и Вучиќ. Мицкоски и ВМРО-ОКГ не ја бранат слободата на медиуми. Тие ја убиваат“, обвини СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ вратија и му порачаа на претседателот на СДСМ, Венко Филипче „да го стави прстот на чело“.
„Филипче најде да говори за слободата на медиумите и извештајот на Репортери без граници. Филипче се најде за кредибилен и легитимен да говори за слободата на медиумите, кога нема медиум, портал и новинар со кого не се скара. Односот на Филипче и СДС, по насока на ПР шефот на куќниот пријател на Заев, Зоран Башановиќ, кон медиумите е крајно арогантен, срамен и во одредени случаеви и безобразен. Филипче треба да си стави прст на чело и да размисли што прави со новинарите и медиумите и дали тој негов однос е правилен. Доколку смета дека така треба, следната година уште надолу ќе одиме“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.