четврток, 30 април 2026

ФФМ го казни Тиквеш поради скандалот со лажните легитимации

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека е донесена одлука за скандалот со лажните легитимации поврзани со Тиквеш.

Објавено на

часот

Сподели

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука во врска со натпреварот помеѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамки на 23. коло од Младинската Супер лига.

Поради неправилен настап, односно настап со лажни податоци и користење лажни легитимации од страна на дел од играчите на ГФК Тиквеш 1930, клубот се казнува со парична казна во износ од 1.000 евра и одземање на три (-3) бода на младинската екипа.

Воедно, претставникот на ГФК Тиквеш 1930 на натпреварот, Трајче Димитриев, се казнува со забрана за извршување на функција во траење од 18 месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ