четврток, 30 април 2026

Експлозија и пожар на паркинг кај казино во Скопје

Експлозија проследена со пожар се случила рано утринава на паркинг во близина на казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот бил пријавен во СВР Скопје денес во 04:15 часот од страна на вработен како обезбедување во казиното. Според пријавата, околу 04:06 часот тој слушнал силна експлозија, по што излегол надвор и забележал оган на паркингот.

Со брза реакција, обезбедувачот успеал да го изгасне пожарот користејќи противпожарен апарат.

Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за експлозијата и целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ