Случајот бил пријавен на 29 април 2026 година во 11:15 часот во СВР Скопје од страна на 32-годишната мајка на детето. Според пријавата, нападот се случил претходниот ден, на 28 април околу 22:00 часот, кога нејзиниот син бил нападнат од едно лице.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.






