„Советот на Центар, сосе градоначалникот на Центар дозволија да се копа дупка од 10- 12 метри на подножјето на Водно. Вчера после заминување на работниците, кои спасиле жива глава за кратко време дождот и ерозијата си го почнаа спуштањето на земјата. Пријавено до инспекција на време, месеци пред настанов, но како тоа што кај нас е секогаш така, безобразно организирано, почнува свлекувањето надоле на дел од Водно“, предупредуваат од Твоја партија.
Од таму прашуваат кој стои зад оваа стравотија и треба да одговара за опасноста која ја предизвикува.
„Градежните стручњаци велат- се е опасно, и продолжување со работа и затрупувањето со земја. Куќите может да се лизнат во дупката. Прес-конференција ќе се одржи утре од моја страна заедно со граѓаните кои се директно засегнати,во 11 и 45 .На 11 октомври на празник. Да ја спречиме трагедијата“, додаваат од таму.






