четврток, 7 мај 2026

Заменик министерот за правда на Косово ќе ги посети осудените Косовци за „Диво насеље”

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува МИА од Приштина, Салаху во синоќешното интервју за телевизијата Т7, рекол дека по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Северна Македонија, добил дозвола за в четврток да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај.

„Како Министерство, имајќи го предвид Законот за државјанство, во кој се нагласува јасно дека државјанинот има тесни врски со државата, ние имаме обврски кон државјаните на Косово. Имаме потврда од македонскиот заменик министер за правда дека можеме да ги посетиме во четврток. Ќе ги посетиме, ќе ги видиме условите, потоа ќе преземеме мерки, како што е испраќање дописи до тамошната влада за да создадат подобри услови”, рече Салаху.

Тој, исто така побарал целосно расветлување на случајот и расчистување на дилемите околу тоа што точно се случи во кумановската населба во 2015 година.

„Јас целосно се согласувам со потребата овој случај да се расветли, почнувајќи од прашањата како тие луѓе отидоа таму. Значи, зошто се случи тоа што се случи, кој го организираше”, вели Салаху.

Во Диво Насеље тогаш загинаа осум полицајци, припадници на специјалната единица „Тигар” и 14 осомничени терористи, десетици беа приведени од полицијата, а ранети беа уште најмалку 40 лица.

Вкупно 33 обвинети лица добија затворски казни во времетраење од 12 години до доживотно, а четворица се ослободени од обвинението. Седуммина се осудени на доживотна затворска казна. Основниот кривичен суд Скопје на уште 13 обвинети им пресуди 40 години затвор, на шестмина по 20 години, на еден обвинет 18 години, на двајца обвинети по 14 години, на двајца по 13 години, и на по 12 години уште двајца од обвинетите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ