„Во врка со мојот твит за нашата фудбалска репрезентација, вистината е дека играат македонски, албански и други играчи, и дека се тоа македонски играчи, но и вистината дека е тоа репрезентација на Северна Македонија. Тоа е така според Договорот од Преспа. Проблемот за кој прашувате не треба да е поврзан со ратификација на меморандумите во грчкиот парламент, бидејќи таа ратификација ја чекаме две години. Но македонските и грчките граѓани ги чекаат тие меоморандуми, затоа што тие нудат подобра и попрактична соработка. Јас секогаш испраќам пријателски пораки до грчките власти и грчките граѓани и велам дека Преспанскиот договор е бенефит за сите“, рече меѓу другото премиерот Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање.







