вторник, 19 мај 2026

Заев: Први во регионот ја развивме „Гаранција за млади“ и ја намаливме невработеноста

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот вели дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со ковид-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна.

„За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци. Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома“, пишува Заев.

Според него, исклучително е важно да се адресираат и други клучни предизвици кои се дел од #Агенда2030 на Обединетите Нации, како: намалувањето на младинската невработеност, социјалната вклученост, здравствената грижа, зачувувањето на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.

Во постот, Заев не заборави да ги спомне и младите доктори на кои во оваа прилика им оддава јавно признание и благодарност.

„Ја увидовме потреба од инклузија на младите во важните општествени процеси и затоа, денес преку Законот за младинско учество и младински политики во сите органи на државната управа и во единиците на локалната самоуправа има назначено службеник за млади, кој ќе им помага на младите за прашањата што ги интересираат од доменот на конкретната институција (https://vlada.mk/sluzbenik-za-mladi), наведува Заев.

Тој истакнува и дека младите преку личен ангажман беа и сѐ уште се активни во справувањето со последиците од ковид-19.

„Сакам да оддадам признание и благодарност до младите доктори, кои се директно или индиректно вклучени во здравствениот систем и кои неуморно се борат за животите на нашите граѓани и до сите млади волонтери, кои преку индивидуален, но и колективен ангажман, придонесуваат за справување со пандемијата“, вели премиерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ