Според Предлог-законот, заемот ќе се повлече во една транша, согласно со роковите и условите утврдени во Договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс период од три години. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен Еуробор зголемен за маргина која изнесува 2,10 проценти.
„Република Македонија ќе плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4 проценти од износот на заемот. Република Македонија ќе плаќа на агентот на заемодавачите провизија во висина од 12,500 евра на годишно ниво“, пишува во предлог-законот објавен на собраниската веб-страна.
На дневен ред на собраниската седница се и Фискалната стратегија на Република Македонија за 2027-2031 година, предлог-законот за изменување и дополнување на законот за медијација, предлог-законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, предлог-законот за изменување на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, предлог-законот за изменување на Законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, сите по скратена постапка и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година.






