„Животот на граѓаните зависи од општините, општинската администрација, училиштата, градинките, комуналните претпријатија и со новите надлежности опфатени со третата фаза на децентрализација, важно е какви градоначалници ќе ги водат општините. Во Росоман го имаме еден од најдобрите кандидати, млад, енергичен човек, упатен, образован, другар, пријател, со огромна љубов и жар да се вгради, натпреварува со другите општини и да биде победник“, рече Заев и додаде дека сите крупни прашања на државата се решени и продолжува подигнувањето на економскиот стандард.
„Имавме храброст да ги решиме сите досега отворени прашања, ама покажавме дека сме и патриоти. Го заштитивме и македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Признаени сме од целиот свет, сме земја членка на НАТО, европски и економски исправена. Платите и пензиите растат. Сите плати за најмалку 6.000 денари се покачени за четири години, а само во последните шест години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа 1.740 денари. Минималната плата од 9.000 денари ја покачивме на 15.200 а веќе од 1 јануари ќе ја покачиме на 18.000 денари, директно со поддршка и помош на компаниите, за да може да ги издржат платите. Пензискиот фонд е стабилизиран, гарантира пензии за сегашните и идните пензионери.
Од 1 јануари ќе го воведеме и вториот критериум – како растат платите да растат и пензиите. Секој први јануари и секој први јули ќе има покачување меѓу 300 и 700 денари покачување два пати годишно. Субвенциите ги насочивме кон индивидуални земјоделски производители, субвенциите се наплаќаат навремено и се зголемени”, заклучи Заев и ги повика сите да гласаат за бројот 12.






