Во обраќањето, Сиљановска истакна дека Западен Балкан претставува транзитна зона за трговијата со дрога, нагласувајќи ја сериозноста на овој предизвик и опасноста од влијание на таканаречените „трети актери“. Таа посочи дека не смее да се потцени растечката улога на нарко структурите во економијата, политиката и општеството. Предупреди дека криминалните мрежи стекнуваат моќ да влијаат врз партиските и политичките процеси и институции.

„Неопходно е Европската Унија да ја преиспита својата политика на проширување низ призма на Западен Балкан, имајќи ја предвид безбедносната димензија“, истакна Сиљановска-Давкова.
Таа потенцираше дека интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ може да биде добар пример на превентивна, наместо реактивна европска политика. Според неа, опасно е тоа што во трговијата со дрога се именува како „modus operandi” да прерасне во „modus vivendi”.
Сиљановска на крајот потсети дека европската политичка и безбедносна архитектура е неразделна од балканската, соопшти кабинетот на македонската претедателка.






