понеделник, 4 мај 2026

Тиквеш направи сериозни промени, го смени тренерот и цел стручен штаб

Фудбалскиот клуб Тиквеш влезе во турбулентен период откако на состанок на акционерското друштво беа донесени сериозни кадровски промени.

Објавено на

часот

Сподели

Кавадарчани одлучија да се разделат со тренерот Борче Христов, како и со неговите асистенти Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков. Во пакет заминува и спортскиот директор Љупчо Трајковски.

До крајот на сезоната, раководењето со клубот ќе го преземе ко-сопственикот Цезер Браво, кој ќе има задача да ја стабилизира ситуацијата во тимот.

Овие одлуки доаѓаат во период на зголемени тензии околу клубот, откако навивачката група Лозари истакна кореографија против ФФМ и Вардар, па следуваа реакции од сите страни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ