вторник, 5 мај 2026

Обама: Нетанјаху и мене ме наговараше на војна со Иран, сега го доби тоа што го сакаше

Поранешниот претседател останува еден од најпопуларните политичари во земјата. Кои се неговите обврски кон неа?, прашува Њујоркер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју насловено „Барак Обама ја разгледува својата улога во ерата на Трамп“ поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека САД ризикуваат да предизвикаат катастрофална глобална штета доколку нивните лидери се откажат од темелните човечки вредности. Со тоа Обама индиректно се осврна на заканите на претседателот Доналд Трамп кон Иран.

Поранешниот претседател нагласи: „Верувам дека американското водство, кое претседателот го отелотворува, мора да одразува основна почит кон човечкото достоинство и пристојност, и внатре во нашите граници и надвор од нив“.

Обама ја доведе во прашање исплатливоста на војна со Иран и потсети дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто како и Трамп, силно го наговарал на воен конфликт, што тој го одбил. „Верувам дека мојата проценка беше точна“, рече Обама, изразувајќи сомнеж дека таквиот исход навистина бил од корист за Израел или за САД.

„Нетанјаху го доби тоа што го сакаше. Но дали тоа на крајот е најдобро за израелскиот народ, тоа е многу сомнително. Се двоумам и дали тоа е добро за САД. Мислам дека моите несогласувања со господинот Нетанјаху се добро документирани“, додаде тој.

Осврнувајќи се на заканата на Трамп кон Иран — „целата цивилизација ќе умре вечерва, никогаш повеќе нема да се врати“ — Обама, без да го спомне директно, порача дека таквиот речник е спротивен на она што треба да го претставува американското водство.

„Ако не ги застапуваме тие темелни вредности — дека постојат невини луѓе во земји со ужасни влади и дека ние се грижиме за тие луѓе, дека можеме да погрешиме ако не внимаваме на гордоста и исклучиво на сопствениот интерес… Ако не се држиме до тоа, светот би можел да тргне во многу лош правец“, рече тој.

Обама исто така укажа на големата штета што Трамп им ја нанел на односите на САД со сојузниците и предупреди дека обновувањето на тие врски ќе биде огромен предизвик.

„Мислам дека поправањето на штетата нанесена на меѓународниот поредок ќе биде уште потешко од некои поправки на домашен план“, рече тој, опишувајќи го системот на меѓународна соработка воспоставен по Втората светска војна како „еден од најсветлите моменти на Америка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ