сабота, 2 мај 2026

Заев очекува Трифонов да се поправи за „северномакедонци“: Ние сме Македонци, зборуваме македонски јазик

Објавено на

часот

Сподели

Според Заев, не е во ред да се испраќаат реакции до секој претседател на политичка партија, но ако треба и тоа ќе го прави.

„Веднаш реагирам еве јавно, не е во ред до секој претседател на политичка партија да испраќаме реакции, но ако треба и тоа ќе го правиме. Ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик од Република Северна Македонија. Верувам дека се работи за незнаење, бидејќи се работи за две пријателски земји кои никогаш немале проблем и секогаш сме биле нарекувани Македонци кои зборуваат македонски јазик… Уште еднаш да искоментирам, кога некој на нарекува тоа што не сме, тогаш тоа повредува. Очекувам да се коригира, затоа што е претседател на политичка партија која освои гласови, а должност ни е да градиме пријателства и добри односи“, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарски прашања. 

На прашањето околу очекувањата за формирање нова влада во Бугарија, тој кажа дека неговите желби се Република Бугарија да формира влада, додавајќи дека трети избори во државата не знае што ќе променат. Но, вели, тоа се надежи.

„Очекувањата ми се 50-50 (влада или избори во септември), но засега нема на повидок некои коалиции за парламентарно мнозинство. Моите желби се Република Бугарија да формира влада, заради тоа што влада им треба на граѓаните, на институциите да продолжат да функционираат заради потребите на граѓаните пред сè, а секако и тоа е добро затоа што со воспоставување на политичка влада ние очекуваме исчекор на решавање на проблемот кој е појавен меѓу нас и во такви околности се надевам дека ќе се формира влада. Трети избори не гледам дека ќе сменат нешто, треба да се биде рационален. Тоа се моите надежи“, изјави Заев.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ