петок, 1 мај 2026

Заев: Не е каприц, туку принцип, нема да гласаме за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ако остане името со кое е поднесена

Објавено на

часот

Сподели

„Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на системот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем. Уставот е донесен и треба да се почитува“, рече Заев.

Тој информираше дека разговарале со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се изнајде решение, при што било заклучено дека процесот треба да продолжи, но притоа мора на дневен ред да продолжи дискусијата согласно Уставот и Законот.

„Во едни такви околности ќе се обидам да разговарам со раководството на ВМРО- ДПМНЕ или нашите министри кои комуницираат со раководството на ВМРО, за да усогласат став за да не се пропушти можноста да застанеме заедно зад тоа за што сите се согласуваме“, рече Заев.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ знаеле „да направат ограда за Преспанскиот договор“, а да поддржат нешто што е важно за граѓаните.

„Мислам дека тука треба да се бара решението. Ние ќе поддржиме текст што ВМРО- ДПМНЕ го предложи, но очекуваме флексибилност од нивна страна за да не се случи и институциите, а не само владејачките партии да се доведат во позиција да го кршат Уставот“, изјави Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ