недела, 3 мај 2026

Заев: Меркел и Макрон никогаш не биле така настојчиви, верувам во решение во декември

Објавено на

часот

Сподели

Заев верува дека е можно решение со Бугарија до крајот на декември затоа што, како што нагласи, различностите не се толку големи, но и дека двете страни имаат должност да отворат иднина, а не се остане во минатото.

Декларацијата усвоена вчера на Самитот ЕУ-Западен Балкан е прецизна, оцени Заев, зашто во детали зборува за проширувањето и е прецизна како декларацијата од Солунскиот самит во 2003 година. 

„Оваа прецизна Декларација што вчера ја усвои Еворпскиот совет на Самитот како лист хартија не им значи ништо како на Северна Македонија, така ниту на Албанија, верувам и на останатите четири земји од Западен Балкан. Треба да има дела, зашто нашата главна стратешка аспирација и цел е полноправно членство во ЕУ, а стратешката цел на надворешната политика на ЕУ пак, е Западен Балкан. Едни со други сме поврзани и едни од други зависиме, како на планот на економијата која е поврзана, така и на друг план“, рече премиерот.

Како илустрација тој го спомена менаџирањето на бегалските кризи, кои не се возможни без Северна Македонија, Албанија, Грција или Бугарија, но и во сферата на енергетиката. Струја не може да се испорача од Грција кон Унгарија и Хрватска без да помине низ Западен Балкан.

„Ние сме во Европа и нема бегање од тоа“, истакна Заев.

Прашан за коментар на изјавата од шефот на дипломатијата Бујар Османи кој рече дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија не е пречка, но дека земјава не може да бара реципроцитет од Бугарија, премиерот Заев одговори дека тоа не е пречка, но и дека сега нема да се отвора Уставот за такво прашање.

„Вклучувањето во Уставот на тие граѓани  што се чувствуваат со етничка бугарска припадност не е пречка бидејќи нашиот Устав ги набројува етничките заедници. Нашиот Устав е така структуиран како и на некои други земји, барем од регионот, кои непосредно пред да се вклучуваат во ЕУ да можат да  додадат и други етнички заедници во нивниот устав. Сум кажал дека не е проблем и Хрвати и Црногорци и Бугари да бидат додадени, но во моментот тоа не значи дека треба да го отвораме Уставот. Ние сме разговарале, доволно ќе биде ако Бугарија тоа го бара од аспект на отворање на преговарачкиот процес, тоа тие го знаат, сме разговарале. Важно е сите да знаат дека нема проблем во Уставот да се номинираат и други етнички заедници“, одеговори Заев.

Историските факти се непобитни, тоа секој добар историчар ќе го каже, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе прифати промена на историјата на барање на Софија заради отворање на преговорите со ЕУ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ