„Делегацијата на Владата ја предводеше премиерот Зоран Заев придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот во Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за образование и наука Мила Царовска.

Покрај членовите на делегациите на државниот врв, свежо цвеќе положија и оддадоа почит и делегација на Армијата на Република Северна Македонија, на Сојузот на борците, на повеќе државни и општествени институции, на дипломатскиот кор, на верските заедници, на граѓанските организации, на политичките партии, на ЗЕЛС и на Градот Скопје, како и бројни други делегации“, се вели во соопштението од Владата.

Посебно соопштение објавивме и од кабинетот на претседателот на Македонија, кој исто така положи венци и им одаде почит на покојните претседатели на државата.






