Напредокот и развојот на општините е можен и изводлив само преку соработка. Соработката меѓу градоначалникот, членовите на локалниот совет и централната власт е клучна и нужна за да продолжи развојот на општините кои одлучиле да одат напред”-ова го потенцираше првиот човек на СДСМ, претседателот на партијата, Заев во своето видео обраќање до јавноста.
Тој додаде дека развојот на општините сериозно зависел од локалните совети.
„Гласот за најдобриот градоначалник оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Да не ризикуваме бидејќи од другата страна се закануваат блокади. Ако кога од спротива имате закана со блокада, нема подобро решение од тоа да гласаме ЗА соработката меѓу најдобриот кандидат за градоначалник и најдобрите кандидати за советници. Затоа, ве повикувам, во недела, да гласаме за градоначалници и советници кои ќе соработуваат и ќе реализираат проекти, а не за оние кои ќе блокираат и кочат. Да гласаме за развојот што го нудат советите на СДСМ, а не за блокадите со кои се заканува ВМРО-ДПМНЕ”, додаде претседателот на партијата СДСМ.






