Бајрами во своето обраќање денеска истакна дека предизвикот да се претставува Армијата на државата во тоа време аспирант за членство во НАТО алијансата е огромен, но нивната одлучност, неизмерната работа и обуката се придонес за достојно трасирање на патот за идните генерации кои продолжуваат да бележат успеси на мисиите во Авганистан.

Тој додава дека цената да се сочува и изгради мирот во Авганистан е огромна. Сведочеле на положување на животи на нивни колеги по оружје од другите земји, за што им оддава голема почит, но тоа не било причина да се обесхрабрат во нивните намери и да ја исполнат дадената мисија во поддршка на граѓаните и институциите на Исламската Република Авганистан.
„Денес, после 18 години го живееме сонот кој го мечтаевме во тоа време, а тоа е – нашата држава е членка на НАТО алијансата, а нашата мисија како припадници на Армијата, продолжува со нови предизвици и искушенија“, истакна потполковник Фето Бајрами во своето обраќање.






