„Битола ја препозна програмата и вистински квалитет наспроти неработење и безидејност. Битолчани се одважија и се спротивставија на сите притисоци, нечесните игри и обидите за поткуп од страна на власта. Битолчани кажаа НЕ. Победуваме насекаде – истакна Пеце Милевски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМЕ во Битола.
Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ синоќа изјави дека ја очекуваат поддршката од Горан Милевски, претседателот на ЛДП и довчерашен коалициски партнер на социјаледемократите, за пресврт во вториот круг.
За време на јавните настапи на Горан Милевски и на сите кандидати на коалицијата ЛДП/ДОМ Одлучно за промени јасно беше назначено нивното незадоволство од работата на владината коалиција.






