„Тоа писмо за спас на фотелјите ги обвистини и партиските директиви на СДСМ за организираното жалење за оставката на Филипче за која Заев се уште не се изјаснил дали да ја прифати. Тоа значи дека ниту Заев не чувствува морална одговорност. Очигледно СДСМ повеќе се грижи за фотелјата од независна истрага“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат протестот на граѓаните од Тетово праќа порака дека народот бара одговорност за ужасната несреќа.
„До нејзе ќе се дојде само преку неутрална истрага која ќе се случи само ако Заев, Филипче и Груби си дадат оставки за да не влијаат на истата“, велат од партијата.






