„Покрај прикажаниот естески аматеризам, предложеното решение го доведува во прашање општественото уредување и историскиот континуитет на македонската државност. Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8 Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави понуденото решение целосно неприфатливо“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера Владата го промовираше логото по повод 30 годишнината од независноста кое ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе им биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на сеопфатната програма за одбележување 30 години од референдумот на кој се изгласа независноста.
„Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од Денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од сѐ она што денес, нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој“, изјавија вчера од Владата.






