„Сите видовме како власта преплаќа производи и услуги на тендери, кога станува збор за народни пари, се зема од народот се дава на свои блиски фирми.
И сега за да пополни дупки во буџет Заев зголемува даноци и удира по џебот на народот.
Само од кризниот данок на горивата кој го воведува од народот ќе земе 54 милиони евра. Во таква ситуација лаги за намалувања не поминуваат.
Време е да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






