петок, 1 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ бара официјална бројка на починати од Министерството за здравство

Објавено на

часот

Сподели

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите во ужасната трагедија и искрено желби за брзо закрепнување на сите повредени од синоќешната страотна катастрофа. Воедно сакаме да потенцираме дека е важно институциите да го истражат до крај причинителот и да се утврди одговорност, која не смее да изостане. Целосно разбирајќи го револтот на граѓаните и на тетовчани, aпелираме во овие тешки моменти министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев да не се кријат од јавноста и да излезат со точни податоци и проценки за состојбата. По 12 часа од несреќата не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви. Oтсуството на систем запрепастува“, велат во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ. 

Министерството за здравство, пак, утрово информираше дека во вчерашната несреќа при пожар во ковид-центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица.

„Во ковид-центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Министерството за здравство изразува сочувство до семејствата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан” стои во соопштението на МЗ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ