Македонската Влада вчера ги утврдила пакетот договори и меморандуми за соработка со Косово, предвидени да бидат потпишани утре на заедничката седница.
„Оваа информација произлегува како резултат на ангажманот на работната група составена од претставници од двете влади. Целта е да се задржи континуитетот во развивањето на добрососедските односи, имајќи предвид дека вакви седници беа одржани и со другите соседни земји“, рече Хоџа.
Придобивките од средбите се подобрување на трговската размена, подобра комуникација на граѓаните и бизнисот од двете страни, проекти од заемен интерес и подобра меѓугранична соработка, нагласи владиниот портапрол.






