петок, 1 мај 2026

Владата го претстави логото за повод 30-годишнината од независноста

Објавено на

часот

Сподели

Логото по повод 30-годишнината од независноста на Македонија ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на програмата за одбележување на – 30 години од референдумот за независност.

„Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од сѐ она што денес нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој“, изјави на прес-конференција владиниот портпарол, Душко Арсовски.

Според него, одбележувањето на 30-годишнината од независноста ќе биде со проекти кои ќе може да се проследат до месец септември, а кои се поддржани во рамки на петтиот пакет мерки, наменет за индустријата за организирање настани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ