„Нашиот став е јасен, во овие внатрешно-политички и надворешно-политички околности првата опција за децата и за наставниците мора да бидат хартиените учебници. Знаеме колкава е бројката на ранливи категории и тие кои се на раб да станат ранливи во пандемијата и силно сме уверени дека тие никако нема да бидат рамноправни во употреба на вака замислениот проект за дигитални учебници. Да не зборуваме за заткулисните игри и сценарија за обезличување на генерациите и за експериментирање со најважната категорија на македонски граѓани -учениците“, вели Василевска.
Според неа, во услови на пандемија дрско се обидоа концепцијата да ја протуркаат на сила, а реформите на власта пробуваат насила да ги спроведат на неподготвени наставници. Да се менува на ваков радикален начин концептот на учење преку исфрлање на хартиените учебници и на таков перфиден начин, учениците да немаат печатени и хартиени учебници, претставуваше безумие кое несомнено мораше да заврши на ваков начин.
„Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ го покажа полниот дух на граѓанските слободи и права, ова е победа на разумот и на вистината“, смета Василевска.






