Стефан Васев од СДСМ во денешната изјава рече дека тоа е вистината и нагласи дека се гледа дека криминалните структури на „фамилијата“ се видно загрижени од скандалот со македонските дипломати, па сега очајно се обидуваат да фрлаат магла во очите на македонските граѓани.
„А вистината секогаш излегува на виделина, па така и оваа истрага ќе ги даде одговорите на клучните прашања. Дали во време на ВМРО ДПМНЕ имало цела разработена криминална шема, раководено од Мијалков, во која вакви видови услуги се нуделе на црниот пазар? Антонијо Милошоски, кој патем има судска пресуда во Германија, треба да одговори дали помагал во обезбедувањето приватни авиони за оваа криминална шема? Дали тие пари завршувале во белиот дворец? И дали токму Антонијо Милошоски во име на Сашо Мијалков и Груевски, до ден денес одржува блиски контакти со овие и слични структури?“, рече Васев.






