„Уредите нема да бидат на интернет, односно ќе бидат офлајн, а не онлајн, а тоа значи дека не зависат од интеренетот. Апаратот работи на струја, внатре има вградено литиумски батерии кои траат по 12 часа и се полнат. Ако снема струја, продолжува гласањето на батерии, кога струјата ќе дојде повторно, се вклучува на електрично напојување, изјави Даштевски, одговарајќи на новинарско прашање по симулацијата на постапката на гласање и презентација на уредите.
Уредите за првпат во Македонија ќе бидат применети на локалните избори, а со податоците ќе бидат наполнети до крајот на викендот. Даштевски вели дека вообичаено доверливиот материјал се носи во четврток, а уредите ќе се носат во петок, пред изборите.
Даштевски вели дека при гласањето ќе има тројна проверка. Прво ќе се гласа со отпечаток на прст. Ако се случи отпечатокот да не биде препознаен, што ретко се случува, дека тогаш ќе личната карта или пасошот на гласачот се става во МРЗ-скенерот, кој е долу под апаратот и кој документот за идентифиакција го препозанава, по што се појавуваат податоците што се во избирачкиот список, со фотографија, име и презиме, адреса и матичен број на лицето гласач. И третиот начин е, ако не го најде по лична карта, тогаш се впишува матичниот број за да излезат истите податоци и на таков начин му се озвоможи на гласачот да гласа.

Во случај ако се потрошени резервите, ако нема струја, ако е некоја рурална средина, тогаш ќе има класично гласање со УВ-ламба и спреј.
Во тој случај, како што појасни Даштевски, во избирачкиот список ќе има место каде се колектира оптпечатокот на прст на графитно перниче. Се остава отпечатокот на избирачкиот списиок на хартија и потоа се проверува во ДИК дали се работи за тоа лице.
Даштевски рече дека можноста да се расипат апаратите е до 5 отсто, но дека се купени резерви од 15 отсто и додаде дека ваква можност ќе биде ретка или можеби нема да се појави.
„Вкупниот број на уреди е 4.000, а имаме 3.480 избирачки места што значи 520 апарти ќе бидат вишок и ќе бидат распоредени по потреба“, вели Даштевски.
Додаде дека во Скопје и во поголемите градови каде има повеќе избирачки места, ќе бидат оставени повеќе, а во помалите општини ќе се остави по еден за да има доволно секаде.
Компанијата што помага, како што рече, ќе направи список каде се најпотребни уредите, каде треба повеќе, а каде помалку. Даштевски информира дека досега се обезбедени 60 луѓе за обука на техничкиот дел во врска со уредите, а ги обучуваат претседателите на избирачите одбори, нивните заменици и уште едно лице. Доколку не се во можност да останат на терен, одредуваат лице кое ќе ја врши работата во нивно отсуство.
„Обезбедени се 70 луѓе за работа во смени и викенди и треба да обезбедат 80 луѓе кои на денот на изборите треба да им помагаат на нашите луѓе, доколку дојде до некој проблем, тој и да се реши“, рече Даштевски.






