петок, 1 мај 2026

УПОЗ против видео надзор на службениците, Владата вели не е за целата администрација

Објавено на

часот

Сподели

Според УПОЗ, Владата е должна да го консултира и да го вклучи Синдикатот како социјален партнер при донесување на вакви законски решенија кои се однесуваат за условите за работа што е пропишано и со законите и со колективните договори и сметаат дека ваквите предлози доаѓаат како одговор на нивното барање да одпочне преговори за платите на администрацијата бидејќи, како што велат, 95 проценти од вработените имаат плата под просекот на државата.

Од УПОЗ, посочуваат дека се изненадени од предлозите истакнати на вчерашната седница на Владата на која се разгледувале предлози преку видео надзор и боди камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните и посочуваат дека се затекнати и од констататацијата дека сето ова Владата го предлага како механизам за контролирање на работата на службениците, а со цел да служи за превенција од корупција.

„Затоа го поставуваме и прашањето која европска држава има ваква пракса? Според нашите сознанија, на пример, во САД само оперативните служби кои се во акција можат да имаат камера на себе како и мобилните екипи на царината и евентуално сообраќајната полиција. Дали при предлагањето на оваа точка Владата го имала во предвид фактот дека со Закон е забрането снимање на вработените и граѓаните, а дозволено е снимање, само заради безбедност на објектите, што е дел  од македонската и од европската регулатива“, пишува во соопштението од УПОЗ.

Синдикатот на УПОЗ, во соопштението нагласува дека никогаш нема да се согласи вработените да бидат снимани со камери и на себе да носат камери, како и дека ќе се обрати до Владата со барање итно да се стопираат ваквите предлози и Синдикатот задолжително да биде вклучен во донсесување на прописите кои ќе ја регулираат оваа материја.

„Синдикатот на УПОЗ бара да престане атакот врз администрацијата која одреден период во државата доаѓа од поединци и организирани групи со цел да се оцрни и омаловажи админастрацијата што на крај дава негативна слика за државата во целост. И после ова прашуваме, дали корпупцијата во државата е присутна само кај административните службеници кои директно работат со граѓаните или одговорноста за корупцијата треба да се бара пошироко и посебно кај оние кои ја водат администрацијата“, се вели во соопштението од УПОЗ.

Од Владата, пак, денеска појаснија дека предлогот за поставување на видео надзор и боди камери не се однесува на целата администрација, туку за службениците коишто вршат контрола, надзор и посебни овластувања особено во процесите коишто не можат да се дигитализираат и вклучуваат неопходно учество на човечкиот фактор.

Овој предлог, како што рече владиниот портпарол Душко Арсовски, во наредниот период детално ќе се истражи и анализира од аспект на негова имплементација, опфатот на службениците, обезбедувањето на сигурноста и приватноста на граѓаните, како и техничките и законските можности.

„Дигиталната трансформација на процесите е врвен приоритет на Владата како клучен механизам за сузбивање на корупцијата и за брзи и ефикасни услуги кон граѓаните за институциите коишто се токму во служба на граѓаните. Работна група веќе работи на подготовка на измените и дополнувањата на потребните закони за дигитална трансформација“, изјави Арсовски.

Сите измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација, пкако што кажа, ќе бидат подготвени и доставени до Собранието до крајот на август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ