Министерот Стоев потенцира дека Бугарија беше првата земја во светот што ја призна независноста на тогашна Република Македонија, а искажаната бугарска „поддршка за стремежите на младата држава беше природен и искрен чекор, што доаѓал од јавното мислење и како доказ има историско значење“.
Бугарскиот министер за надворешни работи, исто така, како што јавува МИА, потсетил на големите очекувања од раните деведесети години дека политичките промени во новопризнаената држава ќе донесат можност за надминување на вештачките поделби наметнати на луѓето од двете страни на границата.
„Долгоочекуваниот пад на ‘ѕидот’ меѓу нас се покажа како долг и болен процес. Неговото целосно уништување ара силна политичка волја и храброст за искоренување на негативните перцепции и стереотипи“, вели Стоев.
Тој изразил уверување дека целосната имплементација со добра волја на двете земји на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година може да биде основа за поамбициозни и поискрени европски односи меѓу двете земи.
„Верувам дека не само нашето минато, туку и нашата иднина е заедничка во семејството на Европската Унија“, вели шефот на бугарската дипломатија.






