Според законските измени, идентификацијата на гласачите сега ќе се врши со отпечаток на прст, за што се набавуваат читачи на отпелатоците, односно уреди „фингерпринт“, кои преку софтверот веднаш на изборната комисија на гласачкото место и дава потврда за идентитетот на гласачот. ДИК пак, објави дека е завршена жалбената постапка на јавната набавка на уредите и дека е избрана германската фирма „Дермалог“.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во петок го потпиша Решението за распишување на изборите за членови на советите на општините, Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, кои ќе се одржат на 17 октомври годинава согласно законската рамка и роковите утврдени со Изборниот законик






