четврток, 30 април 2026

Трамп му се нафрли на Мерц

Американскиот претседател Доналд Трамп во нова објава на својата мрежа Трут соушал го нападна германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е продолжение на конфликтот на Трамп со Мерц, кој почна откако германскиот канцелар изјави дека Иран ги понижува Соединетите Американски Држави со одложувањето на преговорите во контекст на агресијата а САД и Израел против Иран. Трамп реагираше остро, велејќи дека Мерц „мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“ и додаде дека „не знае за што зборува“. Еден ден подоцна, тој напиша на социјалната мрежа Трут соушал дека Вашингтон размислува за намалување на бројот на американски војници во Германија.

„Германскиот канцелар треба да посвети повеќе време на завршување на војната меѓу Русија и Украина (во која беше целосно неефикасен!) и решавање на проблемите во сопствената земја, особено миграцијата и енергијата, и помалку да се меша во оние кои ја отстрануваат иранската нуклеарна закана и со тоа го прават светот, вклучително и Германија, побезбедно место! Претседател ДЏТ“, напиша Трамп.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц речиси цело едно обраќање посвети на нагласување на сојузништвото со САД и единството на НАТО, очигледно реагирајќи на заострувањето на односите од Вашингтон. Без директно да го спомене Доналд Трамп, тој јасно кажа дека Германија не ги доведува во прашање трансатлантските односи. Тој истакна дека Берлин се води од „јасен компас“ насочен кон НАТО и сигурно партнерство со САД, и дека Германија работи „рамо до рамо“ со своите сојузници, со близок и доверлив контакт со Вашингтон.

Во истиот контекст, тој ја нагласи важноста на реформирањето на Бундесверот, велејќи дека германската армија мора да биде подготвена за брза реакција, но и за долгорочните безбедносни предизвици.

Промената на тонот е видлива во неговите изјави за Иран. Овој пат, тој го фокусираше целиот притисок врз Техеран, велејќи дека мора да седне на преговарачка маса и да престане да го загрозува регионот и светот, нагласувајќи дека Германија дејствува во тесна координација со САД и нејзините партнери.

Во исто време, критиките на Трамп кон сојузниците во НАТО и заканите за намалување на американското воено присуство во Европа не се нови. Иако таквите потези се разгледуваат, аналитичарите проценуваат дека повлекувањето е малку веројатно бидејќи САД имаат значителна корист од своето присуство во Германија. Војната во Иран дополнително ги зголеми стравувањата во Европа, која истовремено се подготвува за сопствена поголема одбранбена улога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ