Екипите на Палестино и Гремио ремизираа без голови 0-0 во натпревар од Копа Судамерикана, но средбата понуди сцена што ретко се гледа на фудбалските терени.
Во центарот на вниманието беше Карлос Винисиус, кој во 17. минута не успеа да реализира дури три пенали по ред. Напаѓачот имаше три обиди од белата точка бидејќи голманот двапати ја напушти линијата пред време, но и покрај повторувањата не најде решение.
Херој на натпреварот беше Себастијан Перез, кој и третиот пат успешно интервенираше и го сочува својот гол недопрен.






