
Јанев, како што јавува бугарската агенција БТА, денеска пред новинарите во Владата кажал дека постојат теми што се на агендата на општеството и дека една од овие теми е потребата да се анализира и ажурира целокупната политика на Бугарија кон Република Северна Македонија.
„Ова особено се однесува во делот на развојот на политичкиот процес во Република Северна Македонија, но и на нашето политичко однесување и потрага по идни решенија во интерес на народите на двете земји“, рече Јанев.
Според Јанев, предлогот е да се разговара за целокупната политика на Бугарија кон Македонија, без да се излегува од рамката усвоена од бугарскиот Парламент.
„Целта е да се бараат практични решенија што ќе дадат појдовни точки во надворешната политика на Бугарија, така што таа ќе биде разбрана меѓу нејзините сојузници во ЕУ и ќе има стабилни пораки и решенија во интерес на нашиот национален интерес“, вели Јанев.






