недела, 3 мај 2026

Состојбата во детските градинки е стабилна, уверува Шахпаска

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека нема да се прави скриниг со брзи тестови за ковид-19 во детските градинки.

Посочи дека значајно е дека 76 проценти од сите вработени во градинките се вакцинирани, воспитувачите и негователите се вакцинирани во многу повисок процент некаде до 78, 80 проценти, како и останатиот помошно технички персонал.

„Тоа се веќе европски стандарди во степенот на вакцинација и тоа говори за опшествената одговорност и грижата за личното и колективното здравје на вработените во градинките. Кај нас присуството на децата во градинките е регуларно, се почитуваат протоколите и оддавам признание на сите кои се вклучени во овој процес“, рече Шахпаска, која учествуваше на традиционалната текстилијада што секоја година во октомври се одржува во Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ