среда, 6 мај 2026

Скендер Реџепи: Целта е до полноќ да ја срушиме оваа власт

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, во изјава за медиумите пред собранието рече дека не е зачуден од постапката на пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој не се појави на денешната седница.

„Знаев дека тој што еднаш те предаде, ќе те предаде секој пат“, рече Скендер Реџепи, додавајќи дека со пратеникот на Беса нема контакт уште од пред четири години.

На прашањето што понатаму, вели дека допрва ќе се види.

„Како понатаму, допрва ќе видиме. Еден саат пауза. Ние дојдовме да гласаме за паѓање на Владата и нашиот став останува. Ние сме во опозиција и сѐ додека сме опозиција, битката ќе ја водиме како опозиција. Ако во иднина има понуда, ќе ја разгледаат партиските органи. Наша цел е до 12 часот да ја срушиме оваа власт. Имаме надеж до 12 часот дека може да се направи што било“, рече Скендер Реџепи.

Тој истакна оти за жали за тоа што се случило и смета дека тоа е со цел ДУИ да не падне од власт, но изрази надеж дека до 24 часот ќе се случи спротивното.

„Дали се тие кои го држат процесот? Ние сме тие кои потпишале, ќе чекаме од тие што го носат овој процес и кој ќе биде планот Б. Веруваме дека ќе се случи, рокот е до 12 часот и се е можно“, додаде Реџепи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ