„Во моментов апликацијата е во функција и попишувачите на терен нормално ја извршуваат својата задача, внесуваат податоци кои ги добиваат на терен, од домаќинствата кои ги посетуваат“, рече Симовски денеска во Куманово, по посетата на Регионалниот пописен центар лоциран во седното техничко училиште.
Симовски ја отфрли можноста поради вчерашните прекини во работата на апликацијата да се внесени двојни податоци.
„Погрешни ви се таквите информации“, одговори директорот.
Симовски рече дека досега никој не е казнет од оние граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите, нагласи дека станува збор за мал број на случаи на одбивање да се дадат податоците и рече дека е обврска на државните инструктори да разговараат со овие лица.
Според последните подтоци со кои располагаше директорот на Државниот завод за статистика, до утрово попишани биле околу 150 илјади лица.






